Ана Сантоликвидо е родена во Форенца, во провинцијата Потенца, Италија.

Дипломира како филолог по странски јазици при  Универзитетот во Бари. Работела како професор по англиски јазик, но и предавала на универзитетот Бари.

Ана е поет, писател и есеист и има објавено дваесет и една стихозбирка, една збирка приказни и има уредено бројни антологии. 

Нејзината драма Крстителот беше поставена на сцената во 1999 година.

Таа е преведувач и промовира културни активности.

Го основа Меѓународното движење „Жените и поезијата“, на кое е претседател.

Нејзината поезија е преведена на дваесет и два јазици.

Во 2017 година ѝ беше доделена наградата „Лореа Аполинарис Поетика“ од Папскиот Салезијански Универзитет од Рим.

Песни: