Арјан Лека, роден во 1966 година, пишува поезија, проза, есеи и литература за деца. Исто така, преведува, најчесто од англиски и италијански јазик. За своите дела Аријан Лека добил книжевни награди од Друштвото на писателите на Албанија (2000, 2002) и од Министерството за култура на Албанија (2005, 2009, 2011). Неговиот расказ „Браќа по сечило“ е објавен во Best European Fiction 2011 (Најдобра европска проза, 2011 година). Арјан Лека е основач на Меѓународниот книжевен фестивал „ПОЕТЕКА“ и уредник на списанието „Поетека“ – партнер на EUROZINE. Неговите дела се преведени на германски, англиски, француски, италијански, шпански, романски, бугарски, српски, македонски и кинески јазик. Арјан Лека има докторат по книжевност. Предава на Универзитетот за уметности во Тирана.

Песни: