Атила Вег (поет, прозаист, филозоф), роден е на 13 февруари 1962 година во Будимпешта. Завршил Филозофски факултет на Универзитетот во Дебрецен. Пишува поезија, раскази, романи, филозофски и литературни есеи, драми. Има објавено дваесетина книги: Обвинител (песни, 1999), Светлинска вредност (филмски критики, 2000); Метафизика на тонењето (филозофски есеи, 2001); Ода за небиднината (песни, 2001); Забрането градење (песни, 2003); Невидливиот брег (песни, 2004); Змиска кожа (дијалози, 2005); Пепелава уста (песни, 2008); Погледот на торзото (филозофски студии, 2010); Соништата на Јене Вирасто (раскази, 2012); Мигот на староста (песни, 2013); За да го испразниш своето срце (роман, 2014); Книгата на водата (фотоси, есеи, 2015) и др. Добитник е на наградата „Атила Јожеф“ за поезија. Главен уредник е на културната редакција на весникот „Маѓар Хирлап“.