Џон Матир е роден во Јужна Африка, но живее во Австралија. Неговите книги се издадени во Јужна Африка, Австралија, Австрија, Португалија, Јапонија, Макао, Суматра и Обединетото Кралство. Неговото најново дело е Неверници, или Маварот, книга за културните остатоци во Иберија и периферијата на Индискиот Океан. Своите дела ги читал на фестивали низ Европа, Азија и Африка, како и на “Free the Word!” (Ослободи го зборот) фестивалот на ПЕН во Лондон. Неговата поезија ги вклучува книгите: Жоао; Празнина: Азиски песни 1998-2012; Неверници, или „Маварот“; Јужни варвари; Западот: Австралиски песни 1989-2009. Неговата проза ги вклучува книгите: Тивкиот роб: Историја во осум епизоди; Пештерата на Семар: Индонезиски дневник.