Јоргос Jaнопулос е роден во Атина во 1961 година. 

Тој е поет, романсиер, есеист и преведувач. 

Од 1995 година е уредник на културното списание „ЕНЕКЕН“ и на наградувани книги од истоимената едиција. Објавил книги за филозофија, политичка економија, историја, политичка теорија и социологија, есеи за психоанализа, уметност, литература, поезија, романи и приказни. 

Во списанието „ЕНЕКЕН“ биле претставени стотици грчки и странски мислители, литерати, креатори од областа на политиката и културата. На неговите корици биле објавени дела од значајни грчки и странски уметници. 

Поетската збирка на Јоргос Јанопулос под наслов Route е објавена во 2000 година, а историскиот роман Тhe Black Book во 2003 година. Во 2010 година е објавена неговата поетска збирка со наслов Summer of Mortals и во 2015 година поетската збирка Words of Death and Love. Words of Death and Love се снимени во придружба на музичари од Солунскиот државен симфониски оркестар и објавени на ЦД. Неговите книги се илустрирани од уметниците Киријакос Лазаридис, Вили Гусиу, Крис Алаверас. 

Неговите статии, песни и интервјуа се преведени на повеќе јазици и објавувани во странство. 

Јанопулос го води Културниот центар „ЕНЕКЕН“, каде се одржуваат многу настани, како уметнички изложби, театарски и културни настани и симпозиуми за филозофија, психоанализа, историја, уметност и култура. 

Јанопулос превел и објавил во „ЕНЕКЕН“ поеми и статии на Влада Урошевиќ, Владимир Мартиновски, Николина Андова Шопова, Ѓоко Здравески, Томислав Османли. 

Снимил ЦД Poems on Holocaust во придружба на музичари на Солунскиот државен оркестар и џез-музичарот Христос Јерменоглу. Песните ги чита Јанис Фертис, еден од најважните грчки актери, а се заснова на преводи на песни за Холокаустот напишани од прочуени поети.