Роден е во Волковија, Гостиварско, на 7. 8. 1952 г. Новинар, уредник, поет, публицист. Филозофскиот факултет (Југословенски книжевности) го завршил во Скопје. Работел во Нова Македонија (1976-1999) како новинар, уредник на Културната рубрика и уредник на додатокот Лик (1985-1998), новинар во Утрински весник (1999-2001), главен уредник (2001-2007) и извршен директор на Култура. Автор е на повеќе книги поезија и публицистика.
Преведуван на англиски, италијански, романски, бугарски, српски и хрватски јазик.: Починка во чисти честички (1979), Пајак (1984), Очно дно (1990), Искрвавени мугри – како загина Кочо Рацин (1992), Студена минута (1993), Зад билката, молк (1995), Земјата сама ќе се отвори (избор) (1996), Заборавено око на небото (1997), Капката оловна вода (избор) (2008).