Гжегож Квјатковски (1984), поет и музичар, член на психоделичниот пост панк-бенд Trupa Trupa.

Објавил шест книги: Przeprawa 2008, Eine Kleine Todesmusik 2009, Osłabić 2010, Radości 2013, Spalanie 2015, Sową 2017 во најдобрата полска издавачка куќа – Biuro Literackie.

Преведени му се: на англиски јазик, од Марек Казмиерски – Powinni się nie urodzić / Should Not Have Been Born) и на германски јазик, новата трилогија книги, преведени од Бернхард Хартман.

Корисник на стипендијата Artist in Residence (Kulturkontakt, Австрија, 2016), стипендијата на International House of Writers Graz (2015, Австрија), стипендијата Styria-Artist-in-Residence (St.A.i.R.) (2017, Австрија), како и Writers in Residence – Marko Marulić (2017, Хрватска).

Гостин на меѓународни книжевни фестивали – Oslo internasjonale poesifestival, Повторна средба на интернационални писатели во Лахти (LIWRE) и Саем на книгата во Вилниус.

Неговите песни се објавени во многу книжевни списанија: Modern Poetry in Translation, New Poetry in Translation, Poetry Wales, Lichtungen, Ostragehege.

Неговата музика ја рецензираат и емитуваат најголемите светски музички куќи – Rolling Stone, Pitchfork, Chicago Tribune, Newsweek, NPR, BBC и многу други.

Песни: