Хозе Рамон Рипол е роден во Кадиз, (Шпанија) во 1952. Поет, музиколог и директор на Атлантската ревија за поезија, напишал многу статии , пред се во музичкиот домен, за што е признаен критичар. Неговата поезија, среќен спој на прецизноста и едноставноста, структурата и лексиката, звучноста и тишината, обвиткани со мистицизам, ја бара смислата на  животот и на  смртта  Во 1989 објавил антологија на неговите песни под наслов Музика и повод. Добитник е на повеќе признанија и награди за  книжевната работа меѓу кои меѓународната награда за поезија Крал Хуан Карлос Први или наградата Фулбрајт. 35 години работи како музички и поетски уредник во шпанското национално радио. Автор е на повеќе биографии и музички и книжевни осврти.