Роден во Жоал на 9. 10. 1906 година, а починал во Париз на 20. 12. 2001. Сенегалски поет и државник пишувал на француски јазик. Од 1960 година до 1980 бил претседател на Сенегал. Со своите поетски збирки сестрано се залагал за достоинство на црниот човек, за неговите права и слобода. Неговата поезија е сензуална, елегична, носталгична под влијание на Пол Клодел, Сен-Џон Перс и на трубадурската поезија. Тој придава големо значење на музикалноста на стихот, а монотониот ритам, сличен на африканскиот мелос, им дава исклучителен автентичен призвук на неговите стихови. Составувач е на антологијата на новата црнечка и малгашка поезија пишувана на француски јазик Црниот Орфеј (1948), за која предговорот го напишал Жан-Пол Сартр. Дела: Песни од темнината (1945), Црни причесни (1948), Ноктурна (1961), Писма од Ивернажот 1972).
Flickr
Новости
- A competition for the International Poetry Award “Bridges of Struga” 2019 петок февруари 1st, 2019
- Конкурс за интернационалната поетска награда „Мостови на Струга“ 2019 петок февруари 1st, 2019
- Почина поетесата Вера Чејковска, добитничка на наградите „Млада Струга“ и „Браќа Миладиновци“ вторник ноември 20th, 2018
- Почина Фатос Арапи, добитникот на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата во 2008 година четврток октомври 11th, 2018
- Поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ на СВП за 2018 година недела август 26th, 2018
Контакт
P.O. Box 109 Str. Brakja Miladinovci 5 6330 Struga Republic of Macedonia
Phone: ++389 46 786 270
Fax: ++389 46 786 280
Email: struga@svp.org.mk