Лидија Димковска е родена во 1971 година во Скопје. Завршила општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а постдипломски студии по романска книжевност на Филолошкиот факултет во Букурешт, Романија, каде што работела како лектор по македонски јазик и книжевност. Објавила неколку поетски книги за кои има добиено домашни и меѓународни награди, меѓу кои и најновата – европската награда за поезија „Хуберт Бурда“. Нејзината најнова збирка поезија е насловена pH неутрална за животот и смртта (2009). Составувач е на антологијата на најмладата македонска поезија 20.млади.мак.поети.00, 2000. Го објавила романот Скриена камера (2004) за кој ја доби наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно остварување на Друштвото на писателите на Македонија. Романот Скриена камера излезе во превод на словенечки (2006) и словачки јазик (2007). Нејзини песни се објавени ширум светот. Учествувала на бројни меѓународни книжевни средби. Преведува од романски и од словенечки јазик. Живее во Љубљана, Словенија.
Flickr
Новости
- Почина бугарскиот поет Љубомир Левчев, добитник на Златниот венец на СВП во 2010 година среда септември 25th, 2019
- Официјален YouTube канал од фестивалот среда август 21st, 2019
- За мојот југ тагувам, а потоа се создавам – промо-видео за Струшките вечери на поезијата 2019 четврток август 15th, 2019
- Голем број новости на овогодишното издание на Струшки вечери на поезијата четврток август 15th, 2019
- Објавена е програмата за 2019 година среда август 14th, 2019
Контакт
Address: P.O. Box 109
Str. Brakja Miladinovci nr.5
6330 Struga
Republic of Macedonia
Phone: ++389 46 786 270
Fax: ++389 46 786 280
Email: struga@svp.org.mk