Лилија Газизова е родена во Казан. По завршувањето на студиите на Државниот медицински универзитет во Казан, дипломирала и на Институтот за книжевност Максим Горки во Москва. Нејзината поезија и проза биле објавени во државни и локални списанија како Zhamya, DruzhbaNarodov, Unost, Daugava, Tatarstan, Idel, Kazan, LiteraturnayaGazeta и алманахотIstoky. Автор е на седум книги поезија, антологичар на руска и татарска поезија и познат преведувач на татарска поезија на руски. Лилија Газизова е член на Друштвото на писатели на Руската Федерација, член на Академијата на уметности и науки. Таа е Почесен уметник на Република Татарстан, лауреат на книжевната награда Державин и победник на рускиот државен натпревар именуван според А.Боровик.