Ирачката поетеса и писателка Манал Алшеик е родена во Ниневија во северен Ирак. Има дипломирано англиско-арапски јазик на Мосул универзитетот. Работела во локалните и арапските медиуми како независен новинар. Има објавено креативни и книжевни статии и текстови во многу ирачки, арапски и европски весници и списанија, а учествувала на многу културни манифестации во и надвор од нејзината родна земја. Многу нејзини песни и есеи се преведени на повеќе јазици, вклучувајќи: англиски, француски, норвешки, каталонски и италијански јазик. Моментално живее во градот Ставангер, Норвешка. Нејзини поетски дела се книгите:„црвена точка под левото око”„Невозможни Писма” Од прозните дела има објавено:„Искривени ковчези”„,Вратите на Антиохијската ноќ”. Нејзини други дела се:„Книги на изолација”, Антологија на современата ирачка поезија под наслов„Принцови на визиите” издадена од културно-издавачката куќа Алжир во 2007 година.

Песни: