Миа Леконт е италијанска поетеса и писателка од француско потекло. 

Меѓу нејзините најнови публикации се: збирките поезија Intanto il tempo (2012) и Almuseo delle relazioni interrotte (2016); збирката раскази Cronache da un’impossibilità (2015) и детската книга Gli spaesati (2019).

Нејзините песни се преведени на многу јазици и објавени во Италија и во странство во поетски списанија и антологии; во 2012 година, канадската издавачка куќа Editions Guernica ја објави нејзината двојазична антологија For the Maintenance of Landscape.

Таа е креатор и член на Compagnia delle poete (www.compagniadellepoete.com), театарска група составена од странски поети кои живеат во Италија, која изведува претстави сврзани со приматот на јазиците/културите и различните уметнички изрази во поезијата.

Миа Леконт е преведувачка од француски јазик, критичарка и уредничка од областа на транснационалната литература, особено во однос на поезијата, на што го посветува есејот Di un poetico altrove. Poesia transnazionale italofona (1960 – 2016) (2018). Таа е уредник на антологиите Ai confini dei verso. Poesia della migrazione in italiano (2006), Sempre ai confini del verso. Dispatri poetici initaliano (2011) и коуредник, заедно со Луиџи Бонафини на A New Map. The Poetry of Migrant Writers in Italy (2011).

Таа е член на одборот уредници на двогодишното списание за компаративна поезија Semicerchio и е соработник на италијанското издание на Le Monde Diplomatique.

Во 2017 година таа ја создаде Транснационалната книжевна агенција Linguafranca (www.linguafrancaonline.org).

Песни: