Поет, раскажувач, преведувач. Роден на 26. 8. 1952 година во Ресен. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Професионално се занимавал со новинарство. Работел во Нова Македонија, во весникот Република и во Министерството за информации на Македонија. Во периодот од 1987 до 1991 година на универзитетот во Крајова (Романија) и Истанбул (Турција) предавал македонски јазик. Бил претседател на ДПМ. Член на ДПМ од 1980 година.
Автор е на книгите: Ѕид пред бескрајот (поезија, 1978), Вардач крај Вардар (поезија, 1984), Привремен распоред (поезија, 1991), И паѓањето е лет (роман, 1994), Потонски скали (раскази, 2000), Летот на митската птица (поезија, 2000). Добитник е на повеќе награди.