Мирослав Јовановиќ Тимотијев е роден во Лесковац 1950 год., а живее во Бар, Црна Гора. Од 1968 г. е еден од основачите на Книжевната заедница „Владимир Мијушковиќ” од Ниш и член на т.н. Нишки боемски круг. Оваа година одбележан е јубилејот на поетот – 45 години книжевно творештво преку манифестации во неколку градови во Црна Гора. Ги објавил следните книги песни за возрасни: Саќе штo пламти, Пycтошот. yштe пee, Cмpт. во тoплec, Пак ги лoжaт. облаците, Лaypeaтoт на пајажината, Beчнocтa и дpyги копнежи, Шептач меѓу гробиштата, како и книгите поезија за деца: Светилник, Куќа на облакот, Haцpтaj ми гo петoк и Брошчиња og xapтиja. Застапен е во повеќе поетски антологии, алманаси, избори и зборници. Поезијата му е преведувана на руски, полски, англиски, француски, романски и македонски јазик. Добитник е на повеќе книжевни награди и признанија. Бил колумнист во списанието за уметност и култура „bARS” и на веб-сајтот www. barinfo.me Член е на Здружението на писатели на Црна Гора.