Монгани Вали Сероти се родил во Софијатаун, на север од Јоханесбург, во 1944 година. Посетувал училиште во Александра. Политичките услови во тоа време го навеле да развие интерес за философијата на т.н. Црна Свест и борбите на анти-апартхејт движењето на тоа време. По завршувањето на училиштето, Сероти почнал да работи како новинар.

Попознат како „Вели“, Сероти се смета за еден од Јужноафриканските најеминентни поети и писатели. Ренимиран е како еден од Совето поетите кој бил олицетворение на книжевната обнова на црнечкиот глас во 1970тите. Песните на Сероти прикажувале сурова и реалистична слика за режимот на Апартхејтот. Неговиот отпор кон неправедниот режим се проширил и надвор од поезијата преку активно учество во политички отпор, кога се приклучил кон Африканскиот Нацонален Конгрес (АНК).