Преч Зогај е албански поет роден во 1957 година во Лезе, Албанија. Дипломирал на Универзитетот во Тирана на катедрата за албанска лингвистика и литература. Има објавено 8 книги поезија, меѓу кој најпознати се: Недовршено (1987), Сечие небо (1990), Поминување (1999), По нов ветар (2004), Жив видов (2008). Добитник е на две национални награди за најдобра книга на годината, наградата Златно перо и наградата Лагуш Порадеци За книгата Дали ќе дојдеш насмеана (1989) ја има добиено наградата Наим Фрашери. Два пати бил министер за култура на Албанија.