Роден во Жван на 16.  4. 1950 година, поет, есеист, критичар, антологичар, учебникар, преведувач, издавач. Завршил Филолошки факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Работел како новинар, потоа уредник во Радио Скопје. Бил директор на книгоиздателството Македонска книга и основач и директор на книгоиздателството Матица македонска во Скопје. Составувач е на неколку антологии на македонската поезија и проза. Претседател на ДПМ (од 2008). Дела.: Третиот лик на времето, поезија, 1975; Сенки на јавето, поезија, 1980; Пронајден облик, критики и есеи, 1986; Дијалог со времето, критики и есеи, 1988; Гласник, поезија, 1989; Заѕидување на сенката, поезија, 1990; Магијата на зборот, критики и есеи, 1991; Прилози за наставата по литература, во пет книги 2000; Гласот на предците, поезија, 2001; Романтизам, студија, со П. Гилевски, 2003; Провев во татковината, избор од поезијата, 2004; Горчлив вилает, поезија, 2006.