Сабах Зуејн, либанска поетеса, има објавено десет збирки поезија од кои првата е издадена во 1983 година. Зборува шест јазици, била новинарка во либанскиот дневен весник „Ан-На-хар“; сега соработува со повеќе либански и арапски весници. Поезијата на Сабах Зуејн се јавува во повеќе антологии на повеќе странски јазици. За нејзината поезија се смета дека е храбро и ново пишување поради дисторзијата на арапската синтакса.