По растурањето на сопственото семејство, Тицијано Фратус почнува да патува, преминувајќи ги иглолисните шуми на Калифорнија и на Алпите, каде што го усовршува концептот на Homo Radix, на кој му надоврзува катадневни практики на медитација во природа како и дисциплината на Дендрософија. Во текот на своето дваесетгодишно творештво, објавува прозни и поетски дела за книгоиздателствата Мондадори, Фелтринели, Бомпијани, Латерца, Ејнауди. Неговите лирски творби се преведени на десет јазици и објавени во книжевни списанија, антологии или самостојни изданија во повеќе од шеснаесет земји. Живее во приградскиот селски предел околу градот Торино.