Владимир Мартиновски (1974) e поет, раскажувач, книжевен теоретичар, преведувач.  Работи како доцент на Катедрата за општа и компаративна книжевност, при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје. Дипломирал и магистрирал на Филолошкиот факултет, а докторирал на Универзитетот Париз 3 –  Нова Сорбона.

Автор е на книгите: Од слика до песна – интерференции меѓу македонската современа поезија и ликовните уметности (студија, 2003), Морска месечина (хаику и танка, 2003), Скриени песни (хаику, 2005), И вода и земја и оган и воздух (хаику, 2006), Споредбени триптиси (студии и есеи, 2007), Les Musées imaginaires, (студија, 2009), Ехо од бранови (хаибуни, 2009), Слики за читање – аспекти на екфразиската поезија (студија, 2009) и Квартети (поезија, 2010). Ги приредил книгите: Ut pictura poesis – поезијата во дијалог со ликовните уметности, тематски избор од македонската поезија  (заедно со Нухи Винца, 2006) и Метаморфози и метатекстови (заедно со Весна Томовска, 2008).

Добитник е на прва награда на Конкурсот за краток расказ на „Нова Македонија“ за 2009 година, како  и на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2010 година.