Почина големиот ирски поет Шејмас Хини, добитник на Златниот венец на СВП во 2001

Струшките вечери на поезијата со огромно жалење ја примија веста за смртта на големиот ирски поет и добитник на Златен венец на СВП во 2001 година, Шејмас Хини.  Преку неговото литературното дело вечно ќе остане запаметен како еден најзначајните поети од втората половина на XX-тиот и почетоткот на ХХI- от век. Вечен ќе биде споменот  за овој великан на светското поетско творетво во  Струга и Македонија. Ќе продолжи да живее дрвото засадено од неговата рака, а засекогаш нераскинливо од нас ќе биде неговото творештво кое преку Струшките вечери на поезијата им беше приопштено и на македонските читатели.

Роден е во Мосбон,  Северна Ирска, на 8. 7. 1939 г. Добитник е на бројни меѓународни награди, меѓу кои и Нобеловата награда за литература во 1995. Внимание привлекува уште со првата поетска збирка Смртта на природословецот (1966). Тој во поезијата ги велича секојдневните чуда на животот. Други книги: Врата кон темнината (1969), Презимување (1972), Остров на ходочастија (1984), Глогов фенер (1987). Привиденија (1991) итн.

Вечна му слава!

—————————————–

Биографија и избор поезија од Ш. Хини може да прочитате тука.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • Address: P.O. Box 109
  • Str. Brakja Miladinovci nr.5
  • 6330 Struga
  • Republic of North Macedonia
  • Phone: ++389 46 786 270
  • Fax: ++389 46 786 280
  • Email: struga@svp.org.mk
Copyright 2020 | All Rights Reserved | Струшки вечери на поезијата
©