ЗА НИКОЈ ДА НЕ ЈА ЗАБОРАВИ ГОЛЕМИНАТА НА СВОЈОТ СТРАВ

Во еден сон ги бере сите

зборови што никогаш не ги изговори и

пристојноста дека ги имаше заборавено

кога се создаде светлината

клучно дете, жена, според сите други младич,

надарен со доволно висина, човек

кој се раѓа во плоден јарем

подготвени да ја облечат плотта која ги

повикува

бидејќи сè започнува сега

во пазувите гром, во устата сто

семиња запечатени, на грбот лесен

товарот на нивното име

и подолу панталоните зашиени до карлицата,

копнежливо се поткрева во деколтето прогласот

на раздорот

скриено овошје, еден важен трн

поткрева случајно

недвосмислено сведоштво

ти чекајќи ја со рамена на

вџашеност уште ненадминливата

препонска зона во својата хранлива чорба

која те прима

бидејќи сè започнува сега

и секогаш молкот ќе биде единствениот одговор

кога ќе прогласиш, барајќи ги воздухот кој

го дишеш, рацете со кои љубиш и небото

кое те покрива да бидат твојот начин да се возвишиш

меѓу работите

дека само за тебе иднино, губитник

на сè што имаше, беше исцртана

димензијата на водата и синиот

ужас од ѕвездите

бидејќи сè започнува сега

иако оддалеку одекнува рамнодушно

клештење, при разбирањето дека ти беше едвај

лесен сад за еднократна употреба, меур кој

пука од сјај

раб на вселенската

вреќа на студот.

Препев од шпански јазик: Марија Крстевска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • Address: P.O. Box 109
  • Str. Brakja Miladinovci nr.5
  • 6330 Struga
  • Republic of North Macedonia
  • Phone: ++389 46 786 270
  • Fax: ++389 46 786 280
  • Email: struga@svp.org.mk
Copyright 2020 | All Rights Reserved | Струшки вечери на поезијата
©