Добредојдовте на веб-страницата на Струшки вечери на поезијата

Добредојдовте на официјалната веб-страница на Струшките вечери на поезијата.

Оваа веб-страница, покрај тоа што е замислена како лична карта на фестивалот претставува и дигитална архива која има за цел  да го архивира огромното архивско богатство на фестивалот создадено во изминатиот половина век од неговотото постоење. Засега е достапен само еден мал дел од сето она што се крие во архивата и поетската библиотека, најмногу поради обемноста на материјалите како и нивна недостапност во дигитална форма. Страницата во претстојниот период ќе биде постојано надградувана и надополнувана, при што ќе бидат презентирани сите поети кои учестувале изминатите 52 години, со сите био-бибиографски податоци, со нивното поетско творештво, со сите излагања на симпозиумот и во други прилики, како и целокупната аудио-визуелна архива која е интересна и за проучувачите, но и за целокупната јавност насекаде во светот, нудејќи им вонредна можност детално да се запознаат со се’ во врска со фестивалот.

Со текот на времето целата архива ќе биде постепено дигитализирана што ќе овозможи нов живот на сето ова богатство на Струшките вечери на поезијата. За сега во архивата се внесени поетите кои учествувале од 2009 до 2012 година, како и добитниците на наградите „Златниот Венец“ и „Браќа  Миладиновци“, но и најголемиот дел од овогодишните учесници на фестивалот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • Address: P.O. Box 109
  • Str. Brakja Miladinovci nr.5
  • 6330 Struga
  • Republic of North Macedonia
  • Phone: ++389 46 786 270
  • Fax: ++389 46 786 280
  • Email: struga@svp.org.mk
Copyright 2020 | All Rights Reserved | Струшки вечери на поезијата
©