|Агрон Туфа

Агрон Туфа (роден во 1976, Соходол, Дибра, Албанија) – поет, писател и еден од најпознатите членови на албанската книжевна сцена. Го започнал работниот век како рудар на јаглен. Во 1989 бил победник на државен книжевен натпревар со циклус песни кои биле објавени во весникот „Гласот на младината“. По падот на комунизмот во Албанија, работел како селски учител една година, за потоа да биде примен на Филолошкиот Факултет на Универзитетот во Тирана во 1991 со препорака од албанската асоцијација на писатели и уметници. Таму, заедно со други млади поети, ја основале поетската група „E për7shme“. Тој бил одговорен уредник на „Гласот на младината“ од 1992 до 1994. По дипломирањето, студирал книжевност и превод на Институтот Горки во Москва, Русија


ВИСТИНСКА СЛОБОДА

Вистинската слобода е едно темно шишенце,
полно со приковани духови, потонето
во газна востаничка течност
од еден свиреп Клип,
потоа забиено со восочна тапа
до последните навои.
Слободата е мало шишенце без пусула внатре,
фрлено во водите на нашиот најдлабок подрум.
Целиот живот не е доволен да го направиш јаже
да се симнеш и да го извадиш од дното на бунарот,
да му ја глодаш восочната тапа, и потоа
да бликнеш во небесно бекство
над твојата бездна…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • Address: P.O. Box 109
  • Str. Brakja Miladinovci nr.5
  • 6330 Struga
  • Republic of North Macedonia
  • Phone: ++389 46 786 270
  • Fax: ++389 46 786 280
  • Email: struga@svp.org.mk
Copyright 2020 | All Rights Reserved | Струшки вечери на поезијата
©