| Ален Брлек
Ален Брлек (1988, Загреб, Хрватска), добитник на Наградата „На врх језика“ за неговата прва поетска збирка „Метакморфози“ (2014). Неговата втора поетска збирка „Пратишина“, била објавена во Србија, од издаваштвото „Контраст“ во 2017. Неговата трета книга, „Санг“, објавена во 2019 година во ХДП, Хрватска, била добитник на Наградата „Кирин“ за најдобра поетска збирка таа година. Книгите можат да се читаат како трилогија на телото, умот и душата.Неговите песни се преведени на повеќе јазици и се објавени во бројни публикации; а од неодамна може да се најдат во изборот на хрватска поезија „Работа на страницата“ на Марко Погачар.
АРХИТЕКТУРА
Треба да се најде место, отворена намера
која не ускратува. Како браните
што ги градат дабрите. Треба
стомакот да се подигне кон небото, да се повика бог
да ја потпре главата, да проба да заспие.
Треба откажување од правите агли
и другото што не може да се допре,
да се преполови срцето со палците како јаболко во недоглед,
да се подели на децата.
Треба да се истресат, како јато птици во крошна,
луѓето во луѓе.
Препев од хрватски: Ѓоко Здравески