| Бетсимар Сепулведа

Бетсимар Сепулведа – Рубио, Тачира, Венецуела, 1974. Поетеса, критичарка и фотографка. Родена е во Венецуела, а живее во Кали, Колумбија од 2007 година. Има објавено четири книги, а дел од нејзиното творештво е застапено во антологии објавени во Колумбија, Перу и Шпанија. Нејзините дела делумно се преведени на англиски, португалски, италијански и арапски јазик. Нејзиното творештво е фокусирано на обновата на колективната меморија почнувајќи од сликата и креативното пишување какви што се хрониката и поезијата. Координатор е на програми за промоција на читањето и творењето на книжевноста со нагласок на обновата на колективната меморија и нематеријалното наследство во академските и неконвенционалните кругови.


 

Море,

да заминам кон сините синори на последните бранови

да си ги отворам вените за убавината на нивните суштества

белки ќе се спасам во леснината на нивната душа.

Да нурнам во недофатливата светлина од сол

кружното вознесување на кислородот

исчезнувањето на коските

со мир од алги в грло

и глас преплавен со пена

да потонам… едноставно

време не постои

само тишина

да се тоне…

 

…и секогаш морето. 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • Address: P.O. Box 109
  • Str. Brakja Miladinovci nr.5
  • 6330 Struga
  • Republic of North Macedonia
  • Phone: ++389 46 786 270
  • Fax: ++389 46 786 280
  • Email: struga@svp.org.mk
Copyright 2020 | All Rights Reserved | Струшки вечери на поезијата
©