| Владимир Мартиновски
Владимир Мартиновски (1974) e поет, раскажувач, книжевен теоретичар, преведувач. Работи како доцент на Катедрата за општа и компаративна книжевност, при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје. Дипломирал и магистрирал на Филолошкиот факултет, а докторирал на Универзитетот Париз 3 – Нова Сорбона. Автор е на книгите: „Од слика до песна – интерференции меѓу македонската современа поезија и ликовните уметности“ (студија, 2003), „Морска месечина“ (хаику и танка, 2003), „Скриени песни“ (хаику, 2005), „И вода и земја и оган и воздух“ (хаику, 2006), „Споредбени триптиси“ (студии и есеи, 2007), „Les Musées imaginaires“, (студија, 2009), „Ехо од бранови“ (хаибуни, 2009), „Слики за читање – аспекти на екфразиската поезија“ (студија, 2009) и „Квартети“ (поезија, 2010). Ги приредил книгите: „Ut pictura poesis – поезијата во дијалог со ликовните уметности, тематски избор од македонската поезија“ (заедно со Нухи Винца, 2006) и „Метаморфози и метатекстови“ (заедно со Весна Томовска, 2008). Добитник е на прва награда на Конкурсот за краток расказ на „Нова Македонија“ за 2009 година, како и на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2010 година.