|Димитар Христов

Димитар Христов е поет, драматург и преведувач. Роден во 1957 година во Благоевград, Бугарија. Пораснал во Софија, каде дипломирал Филолгија на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“. Работел во Друштвото на писателите на Бугарија, бил менаџер на „Софикнига ЕЕОД“, претседател на Канцеларијата за млади писатели. Работи во Министерството за култура. Неговите дела биле наградени со наградата „Владимир Башев“ и наградата на Друштвото на писателите на Бугарија. Бил преведуван на руски, српски, албански, македонски, украински и полски јазик.


***

Ја ЗАГУБИВ насмевката.
Сега ја барам со тебе,
љубена моја.

Ја загубив спонтаноста,
Сега ја барам со тебе,
љубена моја.

Ја загубив фантазијата.
Сега ја барам со тебе,
љубена моја.

Ги загубив спомените.
Сега те барам во нив
љубена моја.

Се загубив себеси.
Ќе ме пронајдеш ли,
љубена моја

Загубив сѐ.
Штом те нема, да те измислам ли
љубена моја?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • Address: P.O. Box 109
  • Str. Brakja Miladinovci nr.5
  • 6330 Struga
  • Republic of North Macedonia
  • Phone: ++389 46 786 270
  • Fax: ++389 46 786 280
  • Email: struga@svp.org.mk
Copyright 2020 | All Rights Reserved | Струшки вечери на поезијата
©