|Карен Меккарти Вулф

Карен Меккарти Вулф – родена во Лондон, од мајка Англичанка и татко Јамајканец. Нејзината дебитантска збирка „Птичарник за ситни птици“ беше на потесната листа за Наградите „Форвард“ и „Џервуд“. Според „Би-би-си артс“, нејзината втора поетска збирка „Сезонски вознемирувања“ е еден „итар и нијансиран осврт кон природата, миграцијата, градот и она што е свето“, а била напишана кога таа била ангажиран уметник во Националниот поморски музеј. Таа е во моментов постдокторант и ангажиран уметник од програмата „Фулбрајт“ во Институтот за човекови права „Промис“ на Универзитетот Калифорнија, Лос Анџелес, со цел да истражува како поезијата се комбинира со меѓународното право за да изразува безбеден простор во сложена околина. Нејзините дела се преведени на турски, шведски, италијански и шпански јазик, биле направени во поетски филм, прикажани во лондонското метро и фрлени од хеликоптер врз Вестминстерската палата.


Птичарник за ситни птици

Љубовта ми е птичарник
за ситни птици,
и морам да научам
да ја оставам врата подотворена…

Ти ли си врапчето
кое слета штом седнав
на масата од шкрилец
дур марули шиев?

Вебс Вондер, Лоло
Росо, зелена сал…
Брзо и вешто
ти леташ и колвеш, колвеш

бодро како светлината која
е творец на твојот дух.
Да, ти траеше пократко и
од октомвринката на Неруда.

Ноќта лиеше дожд.
Собата се стори океан
каде нуркаат ластовички.
Меурчето пука

предвреме, прекасно, предолго:
секакви видови микроскопија
пливаат против водно, плутаат во
и низ летната луња.

Тенорот на твоето срце
е точен како нота од камертон
– и висок! Мојата љубов
е птицата која слободно лета.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • Address: P.O. Box 109
  • Str. Brakja Miladinovci nr.5
  • 6330 Struga
  • Republic of North Macedonia
  • Phone: ++389 46 786 270
  • Fax: ++389 46 786 280
  • Email: struga@svp.org.mk
Copyright 2020 | All Rights Reserved | Струшки вечери на поезијата
©