Ласло Наѓ

Крадец си во песна што се крие

Крадец си во песна што се крие,
од молби, од грижи, од сопствена судба
злогласна шума и изѕемнат честар
ти создаваш кроце околу себе,
притоа ноќ црна, кај што и твојата
кошула е развеан свилен призрак,
сал пламен од алкохол што се пие,
крадец си во песна што се крие,
твоите очи, и твоите очи се чудат
како што се шират отворите лисни
и се стеснуваат, но пак на друго место,
непрестајно намерно, а бесцелно,
однадвор глутничав оган и стега,
однатре рујни ѕвездички од срна,
однатре од крвта твоја, од железото на крвта
меѓу азурните окна на твоите опна
заслепителен свет е твојот замет
и твојот грев, зашто таму денот во сјај се мие,
крадец си во песна што се крие,
благословено брадесто мајчинство,
партизанско мајчинство, со лесна круна,
за да не бидеш жив барабан на оној празник
на тупаниците во етерот што се движат,
за да не ја згазиш смислата на својот бит,
зад тие гнили мешунки на смртта,
да не ги соберат краците склештени
рајските светкавици на твоите сетила,
би се смрзнала се, кога камен столб
би ја облекол кошулата забревтана твоја,
крунисај се со лисја и чувај се од она што бие,
крадец си во песна што се крие,
тоа си, зашто небесни и земни кругови
тлеат и птицата ко пепел паѓа,
зашто лудо се врти во траур
оној што го донесе тркалото во светот,
и плаче на Јаворот пропелерското семе
што стана со праидејата изведена од него
се отвораат: на смртта момините солзи
и се затвора постоењето – зашто и благословот
матен е, и зашто се меша слодух со барут,
зашто вртејќи им грб на коси од сјај
вџашено дете мајчините врати
ги удира со тупаница и вчудовидено
би истрчала низа од белточини
и огромни глутници од планински сртови
назад да се скријат во смелите, ситни праќелии,
под запалените месечини кај што се спие
– крадец си во песна што се крие,
врз тебе чизми од мов и населба од мрави,
и се потиш од отровите на немирот
и судиш меѓу трњето на верноста,
а верноста вечно околу тебе, се вие,
крадец си во песна што се крие
својата ракавица: петпрсната лилија
ја фрлаш пред песовите што душкаат,
те испитуваат, и се цеди од неа крвта.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • Address: P.O. Box 109
  • Str. Brakja Miladinovci nr.5
  • 6330 Struga
  • Republic of North Macedonia
  • Phone: ++389 46 786 270
  • Fax: ++389 46 786 280
  • Email: struga@svp.org.mk
Copyright 2020 | All Rights Reserved | Струшки вечери на поезијата
©