Маргарет Атвуд

ПОЕТОТ СЕ ВРАТИ…

Поетот се врати за да биде поет
по децении минати во добрина.

Нели можеш да си и едно и друго?
Не. Не во јавност.

Можеше, еднаш,
да се повлечеш кога Бог сè уште грмеше одмазда

и го сакаше мирисот на крвта,
и не се занимаваше со лизгаво простување.

Тогаш можеше да шириш темјан и фалба,
и да го носиш својот змиски ѓердан,

и смачканите черупки на непријателот да ги пееш
со химни од понизен хор.

Без учтива насмевка, без печење колачи,
Без Јас сум фин човек, стварно.

Добредојде назад, мил мој.
Време е да го обновиме бдеењето наше,

време е да ја отклучиме подрумската врата,
време е да се потсетиме

дека добрината на поетите има две раце:
умешна и страшна.

 

Превод: Зоран Анчевски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • Address: P.O. Box 109
  • Str. Brakja Miladinovci nr.5
  • 6330 Struga
  • Republic of North Macedonia
  • Phone: ++389 46 786 270
  • Fax: ++389 46 786 280
  • Email: struga@svp.org.mk
Copyright 2020 | All Rights Reserved | Струшки вечери на поезијата
©