|Мартина Стракова 

Мартина Стракова студирала културолошки науки и дипломирала на Факултетот за уметност на Универзитетот Комениус во Братислава. Подоцна била стипендист на неколку врвни германски универзитети, како и докторска титула по Филозофија. Од 2013 година, таа е ко-организатор на Меѓународниот фестивал на поезијата „Арс Поетика“, каде одржува бесплатна работилница за креативно пишување „Донесете ја вашата песна“, која е отворена за широката јавност како редовен дел од фестивалската програма. Таа е посветена на пишување поезија, бајки за деца, сликарство и уметнички превод од германски на англиски јазик и обратно. Дебитирала со својата поетска колекција наречена „Разгледници од невидливи места“ (Похјаднице z neviditeľných miest, Арс Поетика, 2019). Живее и работи во Братислава.


ВО ПЛИМАТА НА ПРОТОКОТ

 

надвор од времето

со солта се чистат круглите камчиња

и брановите ми стануваат проѕирни

за барем на миг

да успеам да дишам

со најскриените жабри

и незабележливо да протечам

во стадата

на невидливите суштества

десет илјади

метри

под

површината

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • Address: P.O. Box 109
  • Str. Brakja Miladinovci nr.5
  • 6330 Struga
  • Republic of North Macedonia
  • Phone: ++389 46 786 270
  • Fax: ++389 46 786 280
  • Email: struga@svp.org.mk
Copyright 2020 | All Rights Reserved | Струшки вечери на поезијата
©