Почина бугарскиот поет Љубомир Левчев, добитник на Златниот венец на СВП во 2010 година

Љубомир Левчев, еден од најпознатите бугарски поети и добитникот на главната награда на СВП ,„Златен венец“ во 2010 година, почина во болница во Софија, на 84-годишна возраст.

Љубомир Левчев е роден на 29 април 1935 година во градот Тројан. Завршил Филозофско-историски факултет на универзитетот „ Климент Охридски во Софија.

Првата негова книга „Ѕвездите се мои“ е издадена во 1957 година. Дури 58 од неговите книги се преведени и објавени во 36 земји. Автор е и на три романи, книги со есеистика и мемоаристика и на филмски сценарија.

Бил уредник и главен уредник на весникот Литературен фронт (1961-1971), Бил прв заменик-претседател на Комитетот за култура (1975-1979) и претседател на Сојузот на бугарските писатели (1979-1989).

Од 1991 година бил уредник и сопственик на издавачката куќа Орфеј и на истоименото меѓународно списание. Во таа улога, објавил дела од голем број македонски писатели и поети, меѓу кои и Матеја Матевски, Славко Јаневски, Влада Урошевиќ, Ефтим Клетников и други.

Покрај „Златниот венец на поезијата“ на СВП, носител е и на Златен медал за поезија на Француската академија и на титулата Витез на поезијата (1985), потоа на Големата награда на Институтот „Александар Пушкин“ и на Сорбона (1989), орден „Владимир Мајаковски“ доделен од Сојузот на писателите на Евроазија.

Во Бугарија ја добил националната награда за литература „Пењо Пенев“ во 1984 година, орденот „Стара планина – 1 степен“ за исклучително големи заслуги за развој и популаризирање на бугарската уметност и култура. Во 2008 година ја добива националната награда „Христо Г. Данов“ за целото творештво, а во 2018 година и Националната награда за литература „Ламар“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • Address: P.O. Box 109
  • Str. Brakja Miladinovci nr.5
  • 6330 Struga
  • Republic of North Macedonia
  • Phone: ++389 46 786 270
  • Fax: ++389 46 786 280
  • Email: struga@svp.org.mk
Copyright 2020 | All Rights Reserved | Струшки вечери на поезијата
©