|Просперо Вега 

Просперо Вега е роден во Њујорк, и пораснал во Бруклин (Бушвик) во 80-тите и 90-тите години на минатиот век. Тој е фотограф, режисер и писател. Неговите дела се објавени во антологијата „Ноќи во Бушвик“, а бил продуцент и режисер на кратки филмови кои биле прикажувани во странство како, на пример, „За една недела“, кој бил прикажан на Лондонскиот филмски фестивал (ВБ) и Филмскиот фестивал „Хавана“ (Куба), филмот „Мојата империја“ прикажан на Филмскиот фестивал „Трибека“ (САД), и филмот „Портите“ прикажан на Бруклинскиот филмски фестивал (САД), од кои последните два филма биле снимени заедно со Тед Цисилски, како и „Фамилијарен одмор“, прикажан на Филмскиот фестивал за латиноамерикански филм во Њујорк (САД). Неговата најнова книга „Момците од Луси“ е неговата прва белетристичка збирка песни. Дејството се случува во Бушвик кон крајот на деведесеттите години од минатиот век и почетокот на двеилјадитите години. Збирката е еден безрезервен приказ на животот во централното градско јадро на Бруклин, по смената на градоначалникот Џулијани. Во моментов, тој работи на документарно-есејски филм кој се снима на 35mm камера за неговото старо соседство и промените кои се случувале од неговото детство, а сега прераснале во тековниот хаотичен социјален и урбан предел.


КРУГОВИ

Си седев со една локална легенда и дилер на дрога, Иван Муњоз. Лежеше в кревет и береше
душа во една куќа на Боринкен Плаза, де заспан де буден. Неговата петта сопруга беше со
нас, таа на која ѝ дозволи да го донесе до питачки стап.
Иван на времето беше газда на две-три озлогласени ноќни клубови во 70-тите и 80-тите,
некогаш кога донираше за годишниот Полициски бал, а сега, пак, со сета сила се мачеше да
умре в кревет, и ги расплакуваше луѓето со луди приказни од времето кога бил пешадинец
во Кореа.
Шмрка линии како некоја дебела, албино верзија на Ал Шарптон, широко насмеан како
Чеширската мачка.
Очите му се тресат како мараки 5 , како Рита Морено во настапот на „Улицата Сезам“.
Неговиот најмлад син е шеснаесетгодишен и зборува само со светот-ми-е-крив-за-сѐ-
шпанглиски 6 -xbox-360-прво-лице-шутер дијалект. Call of Duty 7 плус Наркос 8 , плус купишта
Доритос и гратис боксирач.
Еднаш му дадов 50 долари во Келогс 9 ресторан само затоа што ја преживеал Ноќта на
вештерките.
Наликува на Ладнокрвниот Лук 10 растрчан на ранчот.
А уште од мал беше тешко да го забележиш.
Гледавме само една разбојничка насмевка која како струја иташе по улицата скриена под
црна Бруклин Нетс 11 капа.
Човек дојден од иднината да се бори против сите нас.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • Address: P.O. Box 109
  • Str. Brakja Miladinovci nr.5
  • 6330 Struga
  • Republic of North Macedonia
  • Phone: ++389 46 786 270
  • Fax: ++389 46 786 280
  • Email: struga@svp.org.mk
Copyright 2020 | All Rights Reserved | Струшки вечери на поезијата
©