| Салајдин Салиху

Салајдин Салиху е роден во Тетово, Македонија, во 1970 година. Студирал албански јазик и книжевност. Ги објавил следните збирки поезија и кратки раскази: „Си умирам по ситните нешта“ („Аза“, Тетово, 1996), Првата ноќ на совладувањето“ (Книжевен клуб – Тетово 1998), „Пантеон на Утопија (Скопје, 1997), „Траги“ (Флака, 2000), „Чесна лага“ („Прокултура“, 2004), „Зелената ноќ на самоста“ („Серембе“, 2006), „Дигресија“ („Милениум“, 2008). Неговата поезија е присутна во неколку антологии и била преведена на англиски, француски, италијански, македонски и други јазици.

 

 


 

ДЕНОТ СЕ РАЃА ЅВЕЗДИТЕ ИЗЧЕЗНУВААТ

Денот се раѓа

Ѕвездите на спомените исчезнуваат

Во големото небо на досадата

На масата каде се распослава стравотијата

Се наведнува самотијата

Како безнадежна старица

Со разбојот на разочарувањето

Го ткае амблемот на загуба или победата

На белото знаме на утехата

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • Address: P.O. Box 109
  • Str. Brakja Miladinovci nr.5
  • 6330 Struga
  • Republic of North Macedonia
  • Phone: ++389 46 786 270
  • Fax: ++389 46 786 280
  • Email: struga@svp.org.mk
Copyright 2020 | All Rights Reserved | Струшки вечери на поезијата
©