„Светлината на Света Гора“ на Иван Џепароски добитник „Браќа Миладиновци“ за 2016

Книгата „Светлината на Света Гора“ од Иван Џепароски е годинашен добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на македонски јазик напишана меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата.

Жири-комисијата составена од Вера Чејковска – претседател и членовите Весна Мојсова-Чепишевска, Санде Стојчевски и Братислав Ташковски денеска на прес конференција го соопштија добитникот. Тие се уверени дека во прашање е книга што претставува датум во нашата современа поезија, книга во којашто заедништвото на креативното и интелектуалното е максимално постигнато со едно лирско мајсторство.

Добитникот Иван Џепароски изрази благодарност за наградата и изрази задоволство што одлуката ја донесе жири од таков ранг.

  • Задоволството е поголемо што во жири комисијата се тројца поранешни добитници на наградата „Браќа Миладиновци“, а двајца се и добитници на наградата „Димитар Митрев“ за книжевна критика и есеистика, што уште повеќе говори дека човек не би посакал подобра и покомпетентна комисија за да донесе едно такво решение. Книгата е инспирирана од мојот претстој на Света Гора и посетата на сите 20 манастири таму, истакна Џепароски.

Тој вети дека целиот паричен износ од наградата ќе го донира подеднакво за настраданите од поплавите во Скопје и во Фондот за изградба на конаците во Бигорскиот манастир.

Директорот на СВП Мите Стефоски истакна дека со напуштаењето на еден член од Комисијата јавноста дозна дека се работи за серизона институција која работењето на жирито го има регулирано со Правилник.

 

  • Јавноста дозна дека сме сериозна институција, бидејќи сме го регулирале работењето на жири-комисијата и однесувањето не само во делот на раководството, туку и на наградaта. Тоа е со цел да обезбедиме една значајна книжевна награда да биде достојно афирмирана и во светски рамки со тоа што ќе обезбедиме превод на друг странски јазик, добитникот да биде претставуван и понатаму, изјави Стефоски.

За наградата „Браќа Миладиновци“ конкурирале 45 автори со 46 книги, а покрај „Светлината на Света Гора“ на Иван Џепароски во потесен круг влегоа и стихозбирките „Морето ми е до колена“ од Јовица Ивановски, „Глагољубни песновиденија“ од Димитар Пандев, „Времено и трајно“ од Јован Стрезовски и „Посланија и риданија“ од Кочо Топузовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • Address: P.O. Box 109
  • Str. Brakja Miladinovci nr.5
  • 6330 Struga
  • Republic of North Macedonia
  • Phone: ++389 46 786 270
  • Fax: ++389 46 786 280
  • Email: struga@svp.org.mk
Copyright 2020 | All Rights Reserved | Струшки вечери на поезијата
©