Павле Горановиќ

СЛУЧАЈОТ СО ЗБОРОТ КАЛ
– Писмо до говорникот на хинду јазикот –

Едни имаат проблеми со памтењето,
други со заборавот.
Првите на сè се сеќаваат, другите само забораваат.
Едните се веќе во иднината,
другите постојано во минатото.
Сегашноста, се чини, на сите им се подистава.
Велат дека во хинду јазикот, јазикот на милиони несфатени
и на феминистката и просветителка Пандита Рамабаи Сарасвати,
ист збор означува вчера и утре.
Божем, тој збор се пишува, или чита: кал.
Или кал(та) се чита и пишува. Сè се сведува на кал.
И без разлика што на овој беден простор
нема ништо од индиската мудрост,
си помислив дека и кај нас ненамерно
со ист збор се објаснува минатото и иднината.
Иста судбина и исти злодела, севремени и кружни.
И зборот кал постои во овој јазик со инакви имиња,
но не би се рекло дека и потекнува од тие јазици.
Преземено е, секако: ИЗАМ* е кал,
како и многу други зборови на нашиот и нашите јазици,
и веројатно буквално би значело: блато.
Или уште полошо – глиб.
Но не се виновни јазиците, што тој збор
одѕвонува во вилиците на предците и ушите на потомците.
Што се применува и кога не го изрекуваме
и што во него нурнуваме што и да изговориме.
Кал – тоа е и нашиот збор за вчера и утре.
Хиндусите со векови ќе се фалат со јазичната разновидност;
Но, единство во толкава разновидност, а во еден збор –
не би нашле оние првите кои имаат проблеми со памтењето,
ни другите кои ги мачи заборавот.
Не би нашле ни оние од минатото, ни од иднината.
Но простете на престижот, говорници на хунду јазикот,
вие 322 и нешто милиони поединечно,
вклучувајќи ги и незнајниот број почитувани преведувачи:
кал е, за разлика од кај вас, наш збор и за – денес.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • Address: P.O. Box 109
  • Str. Brakja Miladinovci nr.5
  • 6330 Struga
  • Republic of North Macedonia
  • Phone: ++389 46 786 270
  • Fax: ++389 46 786 280
  • Email: struga@svp.org.mk
Copyright 2020 | All Rights Reserved | Струшки вечери на поезијата
©