ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2020 за потреба од вработување на работник, на определено време

НУМ „Струшки вечери на поезијата“ Струга врз основа на член 20 -г став (1), член 21 став (3), член 22 став (1) алинеја (5), став (4) и став (8) од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“, бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“, бр. 143/19), член 22 став 1 точка 1, став 2 и став 3, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27  од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“, бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 124/10, 47/11,11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18), Правилникот за систематизација во  НУ М „Струшки вечери на поезијата“ Струга и Известувањето од Министерство за финансии за обезбедени средства број 18-11720/2 од 27.12.2019 година, објавува:

 

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 1/2020

за потреба од вработување на работник, на определено време

НУ Манифестација „Струшки вечери на поезијата“ – Струга објавува оглас за вработување на 1 (едно) лице на определено време, за работа на проект, за период до траење на проектот, а најдолго до пет години на следната позиција:

 1. Соработник за меѓународна соработка во Одделение за меѓународна соработка ………………………….(1) еден извршител

 

Кандидатите покрај општите услови утврдени со Законот за работни односи, за работното место треба да ги исполнуват и посебните услови утврдени во Правилникот за систематизација на НУМ Манифестација „Струшки вечери на поезијата” Струга:

 

Посебни услови за работното место:

– 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од Наука за книжевноста,

– Работно искуство: Најмалку 1(една) година работно искуство.

 

Други посебни услови:

-Познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски), и тоа поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на Здружението ALTE на европски тестатори, или уверение од меѓународна институција за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија(англиски, француски, германски) на А1 (А1) ниво на ЦЕФР (CEFR), односно БУЛАТС или Аптис, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 310 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 35 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 10 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ или Гете сертификат.

 

Работно време и распоред: неделно работно време од понеделник до петок, 40 часа, од 8.00-16.00 часот,

Основна нето плата 24.196,00 денари.

 

Кандидатите за наведеното работно место со пријавата треба да ги достават следните документи:

  • Молба,
  • Кратка биографија со адреса на живеење и телефон,
  • Уверение за завршено соодветно образование,
  • Уверение за државјанство,
  • Доказ за работно искуство,
  • Доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност и
  • Доказ за познавање на странски јазик.

 

Јавниот оглас трае 3 (три) работни дена од денот на објавувањето во дневниот печат.

НУМ „Струшки вечери на поезијата“ Струга ќе изврши избор во рокот пропишан согласно со член 23 став 2 од Законот за работните односи.

Пријавите со комплетната документација, во затворено плико, се доставуваат до НУМ „Струшки вечери на поезијата“, со назнака „ЗА ОГЛАС“ на адреса: Национална установа Манифестација „Струшки вечери на поезијата“, ул.„Браќа Миладиновци“ бр.5, П.фах 111 Струга, или во архивата на установата секој работен ден, тел. за контакт 046-786-270.

Пријавите доставени по утврдениот рок, како и пријавите што нема да ги содржат бараните документи, ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни и нема да се разгледуваат.

 

ДИРЕКТОР

Тодорче Тасевски

 

Јавен оглас за вработување на определено време 1-2020

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

  • Address: P.O. Box 109
  • Str. Brakja Miladinovci nr.5
  • 6330 Struga
  • Republic of North Macedonia
  • Phone: ++389 46 786 270
  • Fax: ++389 46 786 280
  • Email: struga@svp.org.mk
Copyright 2020 | All Rights Reserved | Струшки вечери на поезијата
©