Поети

Лауреат - 1997

Адонис

Сирија

Биографија

Pоден е во Ал Касабин, 01. 01. 1930 г. Поет и есеист, роден е во Сирија, а подоцна станува државјанин на Либија. Тој е најголемиот современ арапски поет. Неговото творештво претставува сјајна лирска синтеза на Истокот и на Западот, еден нов литературен израз и толкување. Дела: Песни на Мијар Дамаскинецот, 1961; Книга на метаморфозите и селидбата во пределите на денот и ноќта, 1965; Театарот и огледалата, 1968; Време меѓу пеплишта и рози, 1970; Еднина во форма на множина, 1977; Книга на опкружувањето, 1985; Похота што блика во мапите на материјата, 1987; Светлосни прослави, 1988; Втора азбука, 1994. Автор е и на повеќе книги и есеи.