Константин Миладинов

Константин Миладинов (Струга, 1830 – Цариград, денешен
Истанбул, 18 јануари 1862) бил македонски собирач на народни
умотворби и поет.[1][2] Со неговата песна „Т’га за југ“, која има 70
препеви на 42 јазици, секоја година се отвораат Струшките вечери
на поезијата.