РАНИ УТРА

Преобразени
да влеземе во стеблото
во кое огнот ‘рти
рани плодви
Расцветува
големата врата на кругот
меѓу златни нишки пајажина
и повтор станува дело
реката Немир со век опточена
Кренати
преку своите раце
преку здивот кроток
во некое ново постоење
муграта ја довикува надежта
темелот да ѝ заличи на птица
Зрее
нежноста на патувањето
што го отвора јадрото сонливо
во пресрет на обновениот вик
со мост протегнат
до сончевото развихрување
Ако запеам
ќе го допрам ли клучот
на големата тишина
во која стриливо со мене
копнеат раните утра

en_GBEN