IN MEMORIAM
Почина истакнатиот германски поет Ханс Магнус Енцесбергер, добитник на наградата „Златен венец“ на СВП во 1980 година

Еден од најголемите современи светски поети, Ханс Магнус Енцесбергер почина на 24 ноември во Минхен, на возраст од 93 години.
Неговата поезија е окарактеризирана како алхемија на обичните елементи на говорниот јазик. Ханс Магнус Енценсбергер (роден на 11. 11. 1928 г. во Кауфбојрен е германски писател и поет, преведувач и уредник. Има пишувано и под псевдонимот Андреас Талмаер. Живееше во Минхен. Учел литература и филозофија на универзитите во Ерланген, Фрајбург и Хамбург, како и на Сорбона во Париз, каде и докторира во 1955 година на тема Поезијата на Клеменс Брентано. До 1957 година, работи како уредник во радио во Штудгарт. Еден од водечките автори од Групата 47. Еден период минува во Куба во времето на Фидел Кастро. Меѓу 1965 и 1975 година го уредува списанието Kursbuch (Распоред). Од 1985 уредник е на престижната едиција книги Die Andere Bibliothek (Другата библиотека), кои се издаваат во Франкфурт и кои досега вклучуваат повеќе од 250 наслови. Енцесбергер е основач на месечникот Транс Атлантик. Неговото творештво е преведено на повеќе од 40 јазици. Во најголем дел од неговите песни, Енценсбергер користи саркастичен и ироничен тон. Многу од неговите песни се инспирирани од класните односи и граѓанскиот немир. Иако е првобитно поет и есеист, често има кратки излети во светот на театарот филмот, операта, радио драмата, репортажата, преведувањето, а автор е и на неколку романи и книги за деца. Австралијанскиот писател Родерик Гејтс го опишува Енцесбергер, покрај Рудолф Бардо, како еден од ретките левоориентирани Германци што успеале да го предвидат падот на комунизмот и распадот на СССР. (Судења од минатото, Глобално ехо.) Награди и признанија: 1963 – Награда Георг Бихнер, 1985, Награда Хајнрих Бел, 1993 – Награда на мирот Ерих Марија Ремарк, 1998 – Награда Ханријх Хајне, 2002 – Награда на Принцот од Астурија за комуникации и хуманост, 2006 – Награда Д’Ануцио за севкупен опус. 2009- наградата Грифин за животно дело. Значајни дела: Одбрана на волците, песни, 1957, Политика и криминал, есеи, 1964, Азбука за слепи, 1964; Германија, Германија, меѓу другото, 1967 Сослушување во Хавана, проза, 1970, Разговори со Маркс и Енгелс, есеи, 1970, Мавзолеј – балади од историјата на прогресот, 1975; Пропаста на Титаник, епска поема, 1978, Музиката на иднината, раскази, 1991, Ќерката на Воздухот, драма, 1992, Каде беше Роберт?, роман, 1998, Ѓаволовиот број, роман, 1999, Раскази 1950-2005
Во 1980 година Енцесбергер е добитник на реномираната награда „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата.

en_GBEN