Nancy Morejon - Golden circles

Пеат птиците наутро
врз покривот на цркватa внесена в мисли
но никој не ги слуша мирните птици
освен истражувачот кој слезе од планините
после дождот. Оди и оди,
минувајќи низ влажните пасишта,
тоа е еден начин да се запознае околината
на ова чудно село каде што улиците
се златни кругови донесени од високиот рудник.
Оди и оди, откако светкавиците
ја донесоа својата вистина до корењата на расцветаниот лешник.
Сè уште ја слушаме благословената песна на птиците
наутро
но има други туѓинци што се војници,
со своите пушки наместени на готовс
врз светлоста на летот на птиците
кои пеат наутро.
Оди и оди пријателот што ја набљудува
сцената нападнат од најнеописливиот дух.
Пукаат врз синиот лет на птиците
неказнетите напаѓачи со нивните остри кациги
и нивните пушки гладни за невина крв.
Оди и оди и не разбира ништо
освен правото на птиците да пеат
и правото на минувачите да ги слушаат.