Поети

Лауреат - 1992

Ференц Јухас

Унгарија

Биографија

Pоден во Биа, Унгарија, на 16. 8. 1928 г. Еден од најголемите унгарски и европски поети на 20 век. Првата поетска збирка Крилатиот пастув ја објавил во 1949, а потоа Татко ми (1950) и Расипничка држава (1954). Неговите први десетина поетски книги во периодот (1946 до 1970) се издадени во два тома под наслов Љубовта на Вселената. Потоа бил објавен нов избор во два тома Момчето што се преобрази во елен (1971) и Порта на тајната (1972). Книгата Златниот меч на спасот е објавена во 1973. Дела: Мртвиот кос (најголем унгарски еп, 1985); Црниот орелски крал (1988); Враќањето на покојникот (1988) и Подземна лилија (1991).