Поети

Лауреат - 1969

Мак Диздар

Босна и Херцеговина

Биографија

Pоден е во Столац, Босна и Херцеговина на 17.10. 1917 година, а починал во Сараево на 14. 7. 1971 година. Со збирката Камениот спијач (1966), станал еден од најзначајните поети на БИХ. Соживувајќи се со јазикот и со светот на богомилските надгробни споменици и оживувајќи го од надгробните записи на спомениците далечното минато на својот народ и својата земја, дал поетски записи од своите видувања за луѓето и историјата, создавајќи истовремено и нов поетски јазик како соодветен одраз на босанскохерцеговската стварност. Дела: Видополска ноќ, 1936; Жена пливач, 1954; Крутоста на кругот, 1960 и други.