Поети

Лауреат - 1996

Макото Оока

Јапонија

Биографија

Pоден во Мишима, 16. 2. 1931 г. Најзначаен современ јапонски поет; неговите стихови се објавени во превод на повеќе јазици во светот; има напишано и стотина театарски дела, радиодрами и телевизиски драми и филмски сценарија, како и повеќе книги со литературна критика и есеи. Автор е на книгите: Споменот и сегашноста (1956), Нејзината парфимирана плот (1971), Цртеж во перспектива посветен на летото (1972), За една девојка напролет (1978), Престолнината на водата (1981), Порака на водата од родната земја (1989) и др. Во 1978 во Токио излегоа неговите Собрани дела во 15 тома.