Адам Загајевски – Лауреат 2018

Роден во 1945 година во Лавов (денешна Украина). Пораснал во Гливице, Полска. Во 1963 година се сели во Краков каде студирал на Универзитетот Јагелонија. Во доцните седумдесетти бил активен дисидент и член на опозициското книжевно движење. о 1979 година му била понудена стипендија од меѓународната „Кунстлерпрограм“ и престојувал две години во западен Берлин. Од крајот на 1982 година живеел во Париз. Во 2002 година се враќа во Краков, каде живее и денес. Во Париз бил член на уредничкиот одбор на книжевното списание во прогон „Зесити Литерацки“. Во пролетта 1988 година започнува да предава еден семестар годишно на Програмата за креативно пишување при Универзитетот во Хјустон. Во 2007 станува член на Комитетот за социјална мисла на Универзитетот во Чикаго каде предавал книжевност дел од годината се до 2013 година. Добитник на бројни книжевни награди; покрај другите, добитник на меѓународната книжевна награда „Нојштад“ во 2004 година, меѓународната поетска награда „Жонкунг“ (Пекинг, 2013), наградата „Принцес оф Астуриас“ за книжевност во 2017 година.
Лирска библиографија: Известување (1972); Месарници (1975); Писмо. Ода на мноштвото (1982); Да се патува за Лавов (1985); Платно (1990); Огнена земја (1994); Копнеж (1999); Враќање (2003); Антени (2005); Невидлива рака (2009); Асиметрија (2014).
Проза – Есеи: Не-претставениот свет (коавтор: Јулиан Корнхаузер) (1974); Втора издишка (1978); Солидарност и самотија (1986); Два града (1991); Во туѓата убавина (1998); Одбрана на занесот (2002); Поетот разговара со филозофот (2007); Благо претерување (2011); Поезија за почетници (2017).

mk_MKMK