На Алпер Чекер
Како што патуваш, колку ли градови ќе најдеш во себе
Пазарите што ги чуваш во сеќавањето ќе ја откопаат твојата сенка
Од мртвите времиња на старите лета
Твоите одвоености ќе те препознаваат секаде
Твоите соништа ќе се обидат да те убедат
Дека немаш друг избор освен да ги следиш
Што и да видиш е старо, што и да допреш е недостижно
Како првиот пат кога ти недостасуваа
Не си се родил само за да се родиш
Во градовите каде пристигна како писмо што доаѓа оддалеку
Барајќи причина да умреш секој миг поради љубов
Пронајди ги аглите од твојата осаменост
Во степските градови раздвоени од река
Види дали има момче кое копнее да истече кон морињата
Изненадено дека Бог не може да направи брод од хартија
Си го направил она што си морал,
Си почувствувал апсолутна тага во парковите,
Си прашал за времето за плачење на плоштадите,
Си пристигнал пред љубовта на местото за рандеву.
Сега знаеш дека умираш секој миг
Дур градовите во тебе те повикуваат во пристаништата на сеќавањата
Така почнува љубовта за патување, и така завршува
Непостоечки брод, плови во непостоечко море
Како тишина, Аднан, конечно разбра ,
Еден ден во Сартаги, еден ден кај Амазонките,
Како што патуваш ќе ја најдеш празнината во тебе,
Не си се родил само за да бидеш роден,
Ќе го напишеш она што не го напишал друг патописец:
Нека Бог мисли, дали постои или не…
Превод од турски јазик Ерол Туфан