Втасав до крајот на осаменоста
На грбот нож од тага,
Се заканува да си одам пред да се вбоде.
Не знам зошто и како излегов на овој пат,
Веројатно постои почеток на оваа состојба;
И на крајот и јас се стркалав при оваа жетва,
Без да слетам нигде продолжив да летам
По сонот наречен жена.
Но, сепак животот е тој иксир (двигател) што ме обманува.
Иако мислам дека не ми даде мене било
Што оваа длабока промисленост
Циглите од кал кои ги направив
од суштинската кал отсечена од меридијаните
во сржта ми се суши
Болката лицето ми го лиже.
Ах, не е ова збогување, ниту чума, ниту пак грев!
Не е ова одење, повеќе ми личи на растурање на ова моево
Во прав од мозок и меморија.
Нека завршат веќе песниве, книгава, стаклениов глобус
Ако фантазијата е убиец на еден човек
телото ниедна вода не ќе му го однесе.
Превод од турски јазик Ерол Туфан